Gözde Bayar
07 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Либиската Армија зазеде магацин за мини во Тархуна од силите лојални на Калифа Хафтар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што беше соопштено од Штабот на операцијата „Вулкан на гневот“, Армијата го зазела складиштето за мини и експлозиви, што милициите на Хафтар ги користеа за поставување во џамии, на патиштата и куќите во Триполи.
Либиската Армија вчера ја започна воената операција „Патот на победата“, со цел заземање на градовите Сирт, Џуфра и населените места во Вади Вишка, Буерат, Џариф и Каср Абу Хаид од силите на Хафтар.
Армијата исто така вчера го ослободи подрачјето на Вади Вишка во близина на источниот град Сирт.
Ова напредување се случи по еден ден откако Армијата го ослободи стратешкиот град Тархуна - последното упориште на Хафтар во западна Либија.
Силите на Хафтар од април 2016 изведуваат напади врз меѓународнопризнатата либиска Влада со седиште во главниот град Триполи, при што во судирите загинаа над 1.000 лица.
Владата ја започна операцијата „Бура на мирот“ во март за да се спротивстави на нападите врз главниот град, а неодамна поврати стратешки локации, меѓу кои и воздухопловната база „Ал-Ватија“ и Тархуна, што се смета за значаен удар врз милициите на Хафтар.