Zehra Ulucak
20 Март 2020•Ажурирај: 21 Март 2020
АНКАРА - Откако новиот тип на коронавирусот, Ковид-19, се појави во кинескиот град Вухан, тој се рашири насекаде низ светот и според последните податоци е детектиран кај повеќе од 246.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет-страницата „Worldometer“ секојдневно ги ажурира информациите за бројот на земји во кои е откриен овој вирус, за бројката на заразени и починати лица од Ковид-19.
Според податоците објавени на оваа интернет-страница, досега од последици предизвикани од вирусот Ковид-19 починале 10.049 лица, а 88.485 се излекувале.
Во Кина од Ковид-19 починаа 3.248 лица, во Специјалниот Административен Регион Хонгконг 4, Италија 3.405, Иран 1.284, Шпанија 831, Франција 371, САД 217, Велика Британија 144, Јужна Кореја 94, Холандија 76, Германија 44, Швајцарија 43, Јапонија 40, Индонезија 25, Филипини 17, Белгија 21, Сан Марино 14, Ирак 13, Канада 12, Шведска 11, Алжир 9, Австралија 7, Норвешка 7, Бразил 7, Египет 7, Австрија 6, Данска 6, Грција 6, Полска 5, Индија 5, Либан 4, Луксембург 4, Португалија 4, Турција 4, Еквадор 3, Аргентина 3, Бугарија 3, Ирска 3, Перу 3, Украина 3, Пакистан 3, Мароко 2, Малезија 2, Албанија 2, Доминиканската Република 2, Костарика 2 и по еден починат во Словенија, Бахреин, Тајланд Тајван, Панама, Унгарија, Куба, Молдавија, Азербејџан, Тунис, Буркина Фасо, Мартиник, Јамајка, Бангладеш, Гватемала, Гвајана, Курасао, Кајмански Острови, Русија, Мексико, Хрватска и Судан.
- Држави во кои бројот на детектирани случаи на вирусот Ковид-19 е над 1.000 -
Земји од светот каде што во последните 24 часа бројката на детектирани лица заразени од вирусот Ковид-19 е во пораст се Италија, САД, Шпанија, Германија, Франција, Швајцарија и Иран.
Според податоците што ги објави „Worldometer“, земји во кои се детектирани повеќе од 1.000 лица заразени од Ковид-19 се: Континентална Кина, 80.967, Италија 41.035, Иран 18.407, Шпанија 18.077, Германија 15.320, САД 14.366, Франција 10.995, Јужна Кореја 8.652, Швајцарија 4.222, Велика Британија 3.269, Холандија 2.460, Австрија 2.203, Белгија 1.795, Норвешка 1.790, Јапонија 1.439, а во Данска се регистрирани 1.151 случај на заразени од Ковид-19.