Zehra Ulucak
20 Мај 2020•Ажурирај: 22 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на заразени со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 5 милиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на интернет-страницата „Worldometer“, која ги објавува најновите информации за пандемијата, бројот на заразени низ светот достигна 5.000.599.
Соединетите Американски Држави (САД) со 1.570.583 потврдени случаи се земја со најмногу заразени.
Следуваат Русија (308.705), Шпанија (278.803), Бразил (271.885), Велика Британија (248.818), Италија (226.699), Франција (180.809), Германија (177.827) и Турција (151.615).
Останатите земји со повеќе од 50.000 потврдени случаи на заразување со Ковид-19 се Иран (124.603), Индија (106.886), Перу (99.483), Кина (82.965), Канада (79.112), Саудиска Арабија (59.854), Белгија (55.791) и Мексико (54.346).
Коронавирусот е регистриран во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, а набргу се прошири во речиси сите земји од светот.