Sayed Khodaiberdi Sadat
20 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
КАБУЛ
Во авганистанските провинции Парван и Хост извршени се оружени напади врз две џамии. Во нападите животот го загубија 11 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вахиде Шехкар, портпаролот на гувернерството Парван, за медиумите изјави дека непознати лица извршиле оружен напад врз џамијата во селото Хилазеј во провинцијата Парван.
Портпаролот Шехкар информирал дека во нападот животот го загубиле 8 цивили, а 5 лица се ранети.
Шехкар рекол дека напаѓачите избегале од подрачјето.
Талип Менгел де Сабари, портпаролот на гувернерството Хост, изјави дека засега непознати лица извршиле оружен напад врз џамијата во селото Курчак, додавајќи дека во нападот се убиени 3 лица.
Портпаролот Менгел информира дека во нападот е рането едно дете.
Засега никој не ја презеде одговорноста за извршените напади.