Elena Teslova
20 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
МОСКВА
Вкупниот број на заразени лица со Ковид-19 во Русија денеска надмина 300.000, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во текот на изминатите 24 часа, 8.764 лица се со позитивни резултати на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени изнесува 308.705“, се соопштува од Тимот за итни случаи на Русија.
Во текот на истиот период починаа 135 лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 2.972, додека 9.262 лица се излекуваа, со што вкупниот број на излекувани изнесува 85.392.
Во земјата се продолжува со масовно тестирање на вирусот, со цел да се детектира во неговите рани фази.
Досега се извршени 7,1 милион тестирања.
И покрај прилично острите мерки кои вклучуваат затворање на главниот град Москва, забрана за влез на странци и суспендирање на меѓународниот воздушен сообраќај, Русија е моментално втора земја во светот која е најмногу погодена од Ковид-19.
Тројца руски официјални претставници, вклучувајќи го и портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, се хоспитализирани поради вирусот, додека уште тројца претходно беа пуштени од болница.
Коронавирусот, официјално познат како Ковид-19, откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан изминатиот декември, се рашири во речиси 200 земји и региони. Европа и САД во моментов се најтешко погодени региони.
Пандемијата досега ги зеде животите на над 323.400 луѓе во светот, над 4,9 милиони се заразени, додека излекувани се 1,7 милион, според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.