Adam Abu-bashal
14 Декември 2021•Ажурирај: 15 Декември 2021
АБУЏА
Владата на Нигерија соопшти дека ќе уништи 1 милион дози вакцини против Ковид-19 со истечен рок за употреба, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Директорот на Националната агенција за здравствени услуги на Нигерија, Фајсал Шуајиб, истакна дека поради недостаток на вакцини, неговата земја во минатото примила вакцини со кус рок за употреба од меѓународните донатори.
Шуајиб нагласи дека ќе бидат уништени 1 милион дози вакцини против Ковид-19 со истечен рок за употреба.
Тој рече дека владата веќе нема да прими вакцини со кус рок за употреба.
Министерот за здравство на Нигерија Осаги Еханире минатата недела ги негираше тврдењата дека минатиот месец биле аплицирани околу 1 милиони дози со истечен рок за употреба.