Emre Gürkan Abay
11 Ноември 2021•Ажурирај: 12 Ноември 2021
МОСКВА
Најголемата руска авиокомпанија „Аерофлот“, демантирајќи ги наводите дека превезува имигранти во Белорусија, соопшти дека не реализирала редовни летови за Ирак и Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава на „Аерофлот“ одговори на обинувањата дека компанијата носи имигранти во Белорусија и дека поради тоа може да бидат воведени санкции од Европската Унија.
Посочувајќи дека наводите не ја отсликуваат вистината, во соопштението се нагласува: „Не се точни информациите дека „Аерофлот“ е дел од масовниот транспорт на мигранти кон Белорусија.“
Исто така, се наведува дека „Аерофлот“ има право да преземе правна постапка против спорните наводи.
„‘Аерофлот’ не врши редовни летови на линиите Ирак, Сирија и Истанбул - Минск и нема чартер летови на овие линии. Информациите за заканата од санкции може да имаат негативно влијание врз деловната, финансиската структура и капитализацијата на компанијата“, се нагласува во соопштението на „Аерофлот“.
Акциите на компанијата имаа пад на вредноста од 2,4 отсто во првата половина од денот поради тврдењата на западните власти дека „Аерофлот“ е вмешан во мигрантската криза на белоруско-полската граница и дека на дневен ред се воведување санкции кон оваа компанија.