Elena Teslova
12 Мај 2020•Ажурирај: 12 Мај 2020
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес објави дека е заразен со вирусот Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Песков за новинарите соопшти дека е хоспитализиран и дека се лекува во една од московските болници.
За период од две недели, тој е петтиот висок руски официјален претставник кому му е дијагностициран Ковид-19.
Минатата недела, вирусот беше дијагностициран и кај руската министерка за култура, Олга Љубимова (39), која има блага форма на вирусот. Љубимова во моментот е дома во самоизолација и продолжува да работи преку видеоконференциска врска.
Претходната недела, тројца други високи руски претставници, меѓу кои и премиерот Михаил Мишустин, исто така беа хоспитализирани поради вирусот.
Министерот за градежништво Владимир Јакушев - хоспитализиран веднаш по Мишустин - е во стабилна состојба и планира да учествува на видеоконференција закажана за 12 мај во врска со проблемите во домувањето и комуналните услуги.
И тестот на заменик министерот за градежништво, Димитриј Волков, беше позитивен на Ковид-19, кој сега се наоѓа во болница.
И покрај строгите мерки, Русија се најде на второто место во светот по бројот на случаи со коронавирус, со над 232.000 заразени.