Islam Doğru
30 Јули 2020•Ажурирај: 31 Јули 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 1.500 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 153.888 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа потврдени се 69.995 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 4.570.125.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 1.500 лицa со што вкупната бројка на починати се искачи на 153.888.
Во САД досега се направени над 56 милиони и 689 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 2 милион и 246 илјади.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 2.555.518 откриени случаи и Индија со 1.590.297 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Калифорнија се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Флорида и Њујорк.
Во Калифорнија досега се откриени 487.478 случаи.