Betül Yürük
13 Јануари 2021•Ажурирај: 14 Јануари 2021
ЊУЈОРК (АА) - Дизниленд во сојузната држава Калифорнија, еден од најголемите и најпознати забавни паркови во САД ќе се користи како нов центар за вакцинирање против коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Властите на округот Оринџ, каде што е сместен забавниот парк, најавија дека Дизниленд, кој поради епидемијата е затворен за посетителите, ќе се користи како подрачје за вакцинирање против Ковид-19.
Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, изјави дека моменталната стратегија на вакцинирање не може да се изврши доволно брзо и дека затоа одлучиле да формираат нови подрачја за вакцинирање.
Калифорнија со 2,7 милиони заразени е сојузна држава со најголем број на заразени. Досега во државата од вирусот починаа над 30.000 луѓе. Во САД со вирусот се заразени повеќе од 23 милиони луѓе, од кои починаа најмалку 388.000.
Според податоците на американскиот Центар за контрола и следење на болести (CDC), во земјата досега вакцината против Ковид-19 ја примиле 9,3 милиони луѓе.