Beyza Binnur Dönmez
05 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
АНКАРА
Министерот за одбрана на САД, Марк Еспер денес изјави дека Русија и Кина ја искористуваат пандемијата на Ковид-19 заради унапредување на нивните интереси во Европа, јавува Агенција Анадолија (АА)
На прашањето дали помошта од Русија и Кина за Италија претставува безбедносен ризик на НАТО, Еспер за време на интервјуто за „La Stampa“ рече дека е свесен дека некои земји можат да се обидат да ја користат пандемијата и економската криза за да започнат со инвестиции во некои критични индустриски и инфраструктурни проекти, што долгорочно би можело да резултира со загрозување на безбедноста.
„За време на минатонеделната седница на министрите за одбрана на НАТО, беше речено дека потенцијалните противници речиси сигурно ќе се обидат да ја искористат оваа ситуација за да ги унапредат своите интереси и да се обидат да сеат поделби во Сојузот и во Европа. Заедно со нашите сојузници на НАТО, ќе преземеме значајни чекори за да се осигураме дека здравствената криза не се претвора во безбедносна криза “, рече Еспер.
Истакнувајќи дека во повеќе наврати ги повикувал руските и кинеските власти да бидат транспарентни среде пандемијата на Ковид-19, Еспер рече дека исто така сака да ги советува двете држави да испратат помош во други земји која е квалитетна.
Русија и Кина испратија помош во медицинска опрема во Италија, една од најтешко погодените земји од сегашната пандемија.