Ekipa
05 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
МАЈДУГУРИ (АА) - Седумнаесет кинески државјани се уапсени во Нигерија во текот на викендот за нелегално ископување на злато, изјави вчера официјален претставник, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Лицата биле уапсени од припадници на група за самоодбрана, поддржана од државата, во југозападната нигериска држава Осун“, изјави за Агенција Анадолија портпаролот на гувернерот на Осун, Исмаил Омипидан.
Шефот на персоналот во Канцеларијата на гувернерот, Абдула Бинујо, претходно пред новинарите во главниот град Осого изјави дека во рацијата странските копачи на злато биле приведени заедно со уште 10 локални копачи и локалниот традиционален водач
„Нелегалното ископување предизвикува економски проблеми и загадување на животната средина“, рече тој, и додаде дека осомничените ќе бидат кривично гонети.
Ископувањето на минерални суровини и истражувањето нафта се под ексклузивна контрола на нигериската Влада, која издава лиценци на рударските компании.