Islam Doğru
23 Април 2020•Ажурирај: 24 Април 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во изминатите 24 часа од последиците на заразувањето со коронавирусот (Ковид-19) починаа 1.710 лица, со што вкупната бројка на починти достигна 46.785 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД се држава со највеќе жртви од коронавирусот во светот, се уште се наоѓа на врвот на листата на земјите погодени од пандемијата.
Според најновите податоци на Универзитетот „Џонс Хопкинс" во изминатите 24 часа потврдено е заразување кај уште 17.318 лица, со што вкупната бројка на заразени лица во земјата достигна 842.624.
По САД, држава со највеќе случаи на заразување со Ковид-19 е Шпанија која има 213.024 заразени лица, Италија со 187.327 и Франција со 157.135 заразени лица.
Епицентарот на пандемијата во САД сеуште е Њујорк каде вкупната бројка на заразени порасна на 263.754, а починаа 19.453 лица.
По Њујорк, следува Њу Џерси со 95.914 заразени, Масачусетс со 42.944.
Во САД од почеток на пандемијата тестирани се 4.482.944 лица, додека 76.614 заболени успеале да се опорават.