Islam Doğru
15 Мај 2020•Ажурирај: 16 Мај 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на починатите од коронавирусот (Ковид-19) во последните 24 саати е поголем за 1.702 и изнесува 86.970, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД и понатаму се земја во која се потврдени највеќе случаи на заразување и смртни случаи од Ковид-19 во светот.
Податоците на „Worldometer", инетернет страницата на која е прикажана епидемиолошката состојба во светот, се наведува дека САД во последните 24 саати се заразеи 27.598 лица и изнесува 1.459.684.
Во земјата во последните 24 часа починаа 1.702 лица, со што бројот на жртвите е зголемен на 86.970.
По САД, според бројот на заразени се Шпанија (274.367 заразени лица), Русија (262.843) и Велика Британија (233.151).
Њујорк и понатаму е епицентар на заразата во САД. Во оваа сојузна држава се потврдени 353.096 случаи на Ковид-19, а 27. 426 лица починаа.
Во Њу Џерси се заразени 144.024 лица, а во Илионис 87.937.
Во САД се извршени речиси 10,66 милиони тестирања на Ковид-19, а бројот на оздравените лица надмина 318.000.