Ali Cura
15 Мај 2020•Ажурирај: 16 Мај 2020
МОСКВА
Во Русија, во изминатите 24 часа се потврдени 10.598 нови случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 262.843, јавува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот центар за контрола и превенција на Ковид-19 соопшти дека во истиот период како последица на Ковид-19 починале 113 лица.
Вкупниот број на починати се зголеми на 2.418, додека бројот на излекуваните достигна 58.226.
Епицентарот на Ковид-19 во Русија е Москва, каде што се заразени 135.464 лица, додека како последица на заразувањето починаа 1.358 лица.
Во Москва се излекувани 24.562 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Руската служба за заштита на јавно здравје изјави дека во изминатите 24 часа се извршени 225.000 тестирања и дека од почетокот на пандемијата во Русија се тестирани повеќе од 6,4 милиони примероци.
Во соопштението се наведува дека околу 256.000 лица се наоѓаат под здравствен надзор.
Првиот случај на Ковид-19 во Русија е потврден на 31 јануари, додека на 19 март е забележан првиот смртен случај предизвикан со тој вирус.
Со Ковид-19 се заразени и некои високопозиционирани руски официјални претставници, меѓу кои се наоѓаат и портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков и премиерот Михаил Мишустин.