Bayram Altuğ
09 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
ЖЕНЕВА
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека коронавирусот (Ковид-19) потекнал од лилјак, а пазарот за морска храна во градот Вухан, во кинеската провинција Хубеј, играл угола во настанувањето на епидемијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Петер Бен Ембарек, експерт во СЗО за безбедност на храната и зонотичките вируси кои преминуваат од животни на луѓе, ја нагласи потребата за дополнителни истражувања за поврзаноста на Ковид-19 со животните.
Осврнувајќи се на улогата на пазарот на морска храна во Вухан во настанувањето на епидемијата, Ембрек рече дека е „јасно оти пазарот играл улога во тоа."
„Но каква улога играл пазарот, не знаеме", рече тој.
Ембарек истакна дека пазарот во Вухан имал улога во избивање на епидемијата, како извор или евентуално како „зајакнато опкружување".
Нагласи дека извор на Ковид-19 се лилјаци, но тоа прашање детално треба да се испита.
Како што рече, можеби животните го донеле овој вирус на пазарот или луѓето кои претходо го добиле вирусот, го посетиле ова место.
Американскиот претседател Доналд Трам и државниот секретар Мајк Помпео претходно овој месец изнесоа тврдења дека врусот настанал во лабораторија во Вухан.
Кинеската влада ги демантира овие наводи порачувајќи дека тоа прашање е политизирано.