Associated Press
30 Март 2022•Ажурирај: 31 Март 2022
ЖЕНЕВА (АА) - Бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми за повеќе од 40 отсто минатата недела, се вели во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во својот последен неделен извештај за пандемијата, СЗО рече дека бројот на нови случаи на коронавирусот е намален во сите делови на светот, вклучително и во регионот на СЗО, Западен Пацифик, каде што тој беше во пораст од декември.
Минатата недела низ светот беа регистрирани околу 10 милиони нови случаи со Ковид-19 и повеќе од 45.000 смртни случаи, по падот на смртните случаи за 23 отсто една недела претходно.
Во последниве недели, СЗО ги предупредија земјите да не се откажуваат од сеопфатно тестирање и други мерки, велејќи дека во спротивно, тоа ќе создаде проблеми во напорите за прецизно следење на ширењето на вирусот.
„Податоците стануваат сѐ помалку репрезентативни, помалку навремени и помалку робусни“, соопшти СЗО.
Голем број земји низ Европа, Северна Америка и други делови од светот неодамна ги укинаа речиси сите мерки против Ковид-19, потпирајќи се на високата стапка на вакцинација.
Сепак, тие изјавија дека позаразната омикронска подваријанта, БА.2, предизвикува зголемување на бројот на нови случаи.
Британските власти рекоа дека иако очекуваат повеќе случаи, не забележале подеднакво зголемување на хоспитализираните и смртните случаи.
И покрај глобалниот пад на пријавени случаи, Кина оваа недела го затвори Шангај за да се обиде да го спречи ширењето на омикронската варијанта на коронавирусот, што го предизвика најголемиот бран во земјата откако вирусот првпат беше откриен во кинескиот град Вухан во 2019 година.
Анкетата на АП-НОРК покажа дека помалку од половина од Американците сега редовно носат маски за лице, избегнуваат метеж и не одат на патувања кои не се неопходни.