Ekipa
13 Јули 2022•Ажурирај: 14 Јули 2022
ЛОНДОН (АА) - Смртните случаи од Ковид-19 во Велика Британија ја надминаа бројката од 200.000, покажуваат денешните официјални податоци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Канцеларијата за национална статистика објави дека 200.247 смртни случаи поврзани со коронавирусот се регистрирани на почетокот на јули.
Бројката од 200.000 беше надмината на 25 јуни, но имаше одложување при регистрирањето на бројката.
Во меѓувреме, Велика Британија се соочува со континуирано зголемување на случаите со Ковид-19, предизвикано од субваријантите на Омикрон.
Неделното истражување на Канцеларијата за статистика покажа дека нивоата на случаи на Ковид-19 се највисоки од април.
Според истражувањето, се проценува дека 2,7 милиони луѓе имале Ковид-19 во последната недела од јуни, што е зголемување од 18 проценти во однос на претходната недела.