Adam Abu-bashal
11 Декември 2020•Ажурирај: 13 Декември 2020
АБУЏА
Шеснаесет лица ги загубија животите во рација во патнички автобус во нигериската држава Кано, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во нигериските национални медиуми, на патот од главниот град Абуџа кон Кано, во подрачјето Дамбата, засега непознати лица извршиле рација во патнички автобус.
Во рацијата убиени се 16 лица, а има и голем број ранети.
Гувернерот на Кано, Абдулах Умар Гандухе, го осуди нападот, информирајќи дека во подрачјето се испратени безбедносни сили и дека е започната истрага во врска со настанот.
Во овој регион честопати доаѓа до насилни судири меѓу сточарското племе Фулани и некои племиња кои се занимаваат со земјоделство.
Припадниците на племето Фулани, кои, за да ја напасат својата стока мигрираат кон јужниот дел од земјата, тврдат дека земјоделците се обидуваат да им ги крадат животните и ги напаѓаат. Вооружени банди ги користат овие конфликти и извршуваат напади.