İlyas Tayfun Salcı
15 Мај 2020•Ажурирај: 16 Мај 2020
ЛОНДОН
Велија Британија во изминатите 24 саати од последиците на заразувањето со коронавирусот (Ковид-19) починаа 384 лица, со што вкупната бројка починати достигн 33.998, јавува Агенција Анадолија (АА).
Британското Министерство за здравство соопшти дека во истиот период е потврдено заразување на уште 3.560 лица.
Вкупната бројка на заразени во Велика Британија порасна на 236.711.
Во изминатите 24 саати се објавени 133.784 тестирања, додека од почетокот на пандемијата се тестирани повеќе од 1.663.000 лица.
Националната канцеларија за статистика објави податоци во кои се тврди дека од 45.899 смртни случаи кои се случија од 2 март до 1 мај во домовите за стари лица, 12.526 повразни со Ковид-19.
Премиерот Борис Џонсон на 13 мај одговараше на новинарски прашања во долниот дом на парламентот, каде се расправаше за домовите за стари лица.
Челникот на лабуристичката партија Кер Стамер изјави дека големиот број корисници на домовите за стари лица се отпуштени од болниците за време на ширењето на заразата,и дека според наводите на еден кардиолог, тие пациенти се одговорни за ширењето на коронавирусот во домовите за стари лица.
Стамер рече дека во домовите за стари лица за кои владата тврди дека нискоризичните само во април покрај официјалните податоци починале уште најмалку 10.000 заразени корисници.
„Нема да тврдам дека официјалните бројки, кои ќе бидат јасни по потврдувањето, нема да бидат загрижувачки", одговори Џонсон.