Muhammed Semiz
25 Јуни 2020•Ажурирај: 26 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ
Во арапските земји е забележан раст во бројот на починатите и откриените случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на Министерството за здравство на Кувајт, како последица на Ковид-19 починале уште 2 лица, додека откриени се уште 909 нови случаи.
Во ова соопштение се нагласува дека бројот на починати се зголеми на 339, додека бројот на откриени случаи се зголеми на 42.788.
Се вели дека 33.367 лица се излекувани од овој вирус.
- ОАЕ
Во писменото соопштение на Министерството за здравство на Обединетите Арапски Емирати се истакнува дека уште едно лице почина поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати во земјата порасна на 308.
Според соопштеното, откриени се уште 430 нови случаи со овој вирус, со што вкупната бројка на откриени случаи во земјата се искачи на 46.563.
Од овој вирус во земјата излекувани се 35.165 лица.
- Оман
Според писменото соопштение на Министерството за здравство на Оман, како последица на Ковид-19 починаа уште 2 лица во земјата.
Со ова, вкупната бројка на починати од Ковид-19 во Оман порасна на 144.
Се истакнува дека откриени се уште 1.366 нови случаи со овој вирус, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 34.902.
Во Оман 18.520 лица успеале во борбата против овој вирус.
- Катар
Во писменото соопштение на Министерството за здравство на Катар се наведува дека од овој вирус починаа уште две лица, додека откриени се 1.060 нови случаи.
Во ова соопштение се нагласува дека бројот на починати во земјата се зголеми на 106, додека бројот на откриени случаи во земјата се зголеми на 91.838.
Од овој вирус во земјата излекувани се 74.544 лица.
- Палестина
Според писменото соопштение на Министерството за здравство на Палестина, во земјата откриени се уште 34 нови случаи со што вкупната бројка на случаи во земјата порасна на 1.568.
Во соопштението се нагласува дека вкупниот број на излекувани лица се искачи на 616.
Во Палестина досегаф починаа 5 лица како последица на Ковид-19.