Yusuf Özcan
07 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 29.155 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Институтот за јавно здравје на Франција.
Потврдени се уште 343 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 191.382.
Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 12.461 лице, од кои 1.053 се наоѓаат на интензивна нега.
Од Ковид-19 се излекувани уште 39 лица, со што вкупната бројка на излекувани лица од овој вирус се искачи на 70.842.
Во последните 24 часа починаа 13 лица поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 29.155.