Selen Temizer
28 Декември 2021•Ажурирај: 28 Декември 2021
БРИСЕЛ
Франција презеде дополнителни мерки за запирање на ширењето на варијантата Омикрон, откако на 23 декември беше забележан најголем број случаи од почетокот на епидемијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според новите мерки што ги најавија премиерот Жан Кастекс и министерот за здравство Оливер Веран, учеството на групните настани ќе биде ограничено на 2.000 луѓе во затворени простории и 5.000 луѓе на отворено.
Јадењето и пиењето ќе бидат забранети во спортските арени, културните настани како и во киносалите, концертите дворани и во јавниот превоз, а во баровите и кафулињата може да се јаде само на маса.
Употребата на маски ќе биде задолжително во центарот на градот, а сите кои можат ќе работат од дома најмалку 3 дена во неделата.
Од 28 декември, секој кој поминал 3 месеци од втората доза на вакцината ќе може да ја прими дозата за потсетување.
Мерките кои ќе важат од денеска ќе траат 3 недели.
На 23 декември се забележани 91.608 случаи на зараза со Ковид-19, што претставува највисока бројка од почетокот на епидемијата.