Atila Altuntaş
16 Март 2021•Ажурирај: 18 Март 2021
СТОКХОЛМ (АА) - Шведска донесе одлука да ја запре употребата на вакцината против новиот вид коронавирус (Ковид-19) развиена од Универзитетот „Оксфорд“ и фармацевтската компанија „АстраЗенека“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дирекцијата за јавно здравје на Шведска соопшти дека употребата на вакцината е привремено прекината со образложение дека го зголемува ризикот од згрутчување на крвта и може да предизвика крварење во мозокот.
Андрес Тегнел, имунолог во Дирекцијата за јавно здравје, соопшти дека по вакцинирањето со споменатата вакцина, во крвниот систем е откриен друг вид симптом што предизвикува крварење и згрутчување на крвта.
Претходно одлука за привремено запирање на употребата на вакцината од АстраЗенека донесоа Холандија, Норвешка, Германија, Франција, Ирска, Норвешка, Данска, Исланд, Романија, Италија и Бугарија.