Şenhan Bolelli
06 Јуни 2020•Ажурирај: 07 Јуни 2020
МАДРИД
Во Шпанија во последните 24 часа почина едно лице од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 27.135 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на оваа земја ги ажурираше бројките на смртните и откриените случаи.
Во последните 7 дена починале 67 лица во земјата, додека најмногу смртни случаи се забележани во Мадрид (24), Кастиља и Леон (16) и Астуриас (11).
Во соопштението се вели дека според тестирањето за Ковид-19 реализирано со методата „ПЦР“, во последните 24 часа откриени се уште 164 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на откриени случаи се искачи на 240.310.
Во последните 24 часа почина само едно лица од овој вирус, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 27.135.