Barış Seçkin
06 Јуни 2020•Ажурирај: 07 Јуни 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 72 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 33.846, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 35.887 активни случаи на коронавирус.
Во последните 24 часа откриени се уште 270 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 234.801.
Денес се излекувани 1.297 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 165.078 лицa.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 72 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 33.846 лица.
Според соопштеното, 293 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Досега во Италија се направени 4.187.057 тестирања на Ковид-19.