Şenhan Bolelli
22 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
МАДРИД
Во Шпанија во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 435 лица, со што вкупниот број на починати достигна 21.717, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Министерството за здравство на Шпанија е наведено дека ден претходно од последиците на Ковид-19 починале 430 лица, и дека во изминатите 24 часа не е е воочен пад на бројот на починати.
Во истиот период се забележани 4.211 нови случаи на заразување, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 208.389.
Од Ковид-19 се излекувани уште 3.411 лица, а бројот на излекувани од почетокот на заразувањето во таа земја е зголемен на 85.915.
Жариштето на Ковид-19 во Шпанија е сè уште Мадрид, каде што се забележани 57.997 случаи на заразување, а 7.930 заразени лица починаа.
Следуваат Каталонија со 43.112 заразени и 4.152 починати.
Вонредната состојба во Шпанија, што беше прогласена на 14 март, денес со одлука на Парламентот ќе биде продолжена до 9 мај.