Şenhan Bolelli
27 Март 2020•Ажурирај: 28 Март 2020
МАДРИД
Шпанија соопшти дека во последните 24 часа се потврдени нови 769 смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус, што е најголема бројка на дневно ниво откако пандемијата на Ковид-19 букна во таа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Од последиците на заразата со оваа болест досега починаа вкупно 4.858 лица, а досега во Шпанија се детектирани 64.059 случаи на заразеност со новиот тип коронавирус“, соопшти Министерството за здравство на Шпанија.
Шпанскиот биолог Хосе Антонио Лопес Гереро за шпанскиот медиум „La Sexta“ изјави дека веројатно во земјата има 10 до 15 пати поголем број на заразени отколку што има потврдени податоци.
Локалните власти соопштија дека е испратено итно барање до меѓународната заедница за дополнителни медицински работници, изразувајќи надеж дека од странство ќе пристигнат 200 лекари и медицински техничари.
Се очекува властите денес да ја одобрат регулативата со која вонредната состојба се продолжува до 12 април.
Вонредната состојба во Шпанија е прогласена на 14 март.