Ahmet Furkan Mercan
27 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
ТОКИО (АА) - Во Јапонија, премиерот Шинзо Абе, на владиниот состанок за Ковид-19 истакна дека списокот на земји за кои ќе се спроведува забраната за влез во Јапонија е проширен, јавува Агенција Анадолија (АА).
Абе, истакнувајќи дека одлуката е донесена како мерка за гранична контрола на вирусот, рече дека патниците кои патуваат од тие земји нема да бидат примени во Јапонија.
Според одлуката, од среда, патниците од Русија, Саудиска Арабија, ОАЕ, Кувајт, Оман, Катар, Џибути, Белорусија, Украина и Перу, како и од некои земји од Карибите, ќе бидат вратени назад.
Во моментот, на списокот за забрана на влез во Јапонија се наоѓаат Кина, Јужна Кореја, Соединетите Американски Држави (САД) и сите европски земји.