İnci Gündağ
24 Октомври 2016•Ажурирај: 25 Октомври 2016
ЛОНДОН (АА) - Во галеријата „Сачи“ во Лондон, отворена е продажба на фармерки, од светски познати ѕвезди, коишто ги обоил уметникот Џони Дар. Целта е собраните средства да се донираат за потребите на бегалците, јавува Anadolu Agency (AA).
Денеска во галеријата „Сачи“ е отворена изложбата „Фармерки за бегалците“ (Jeans for Refugees), на која се продаваат 100 пара фармерки на 100 познати личности од светот. Продажбата ќе биде на основа на наддавање, а собраните сретства ќе се искористат како донација за бегалците во целиот свет.
Кампањата за донација на фармерки обоени од страна на уметникот Џони Дар, е на иницијатива на британскиот музичар Јусуф Ислам, и со неа се истакнува правото на секого да живее во безбедна и мирна средина. Елтон Џон, Лили Ален и Викторија Бекам, добитникот на Оскар, Бенисио дел Торо, канадската ѕвезда Брајан Адамс и екс-сопругата на поранешниот француски претседател Саркози, Карла Бруни, се дел од вкупно 100-те светски ѕвезди што донираа фармерки за продажбата.
Средствата што ќе се соберат со продажбата на фармерките ќе бидат донирани во фондацијата Меѓународен спасувачки комитет (IRC), со седиште во САД.
Изложбата во галеријата „Сачи“ ќе биде отворена за посетителите до 30 октомври.