Admir Fazlagic
09 Февруари 2016•Ажурирај: 11 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Изложба насловена „Балканот – споделено културно наследство“ – Антика по идеја и фотографии на Иво Хаџимишев отворена е вечерва во изложбениот салон на Македонската академија на науките и уметностите, Изложбата ја организираат Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија и Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Република Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
"Во време кога нашиот свет е опроварен со конфликти, Балканот е една културна територија. Потребна ни е пријателска рака, почитување и негувањето, на културните различности секаде низ светот, поради тоа што, доколку постои нешто што е оригинално во нашата историја, тоа не се битките и победите, туку тоа е нашиот култ кон просветата", рече во своето излагање пред присутната публика Светлана Славова, директорката на Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Репулика Македонија.
Изложените фотографии на авотрот Хаџимишев имаат за цел да го промовираат историското и културното богаство на Балканот, поради што на самата изложба можеа да се забележат слики од турскиот историски град Ефес, од локалитетот Горна Порта во Охрид, од Рогозен во Бугарија, Олимпија во Грција, како и други историски значајни места во земјите од Балканот.
Проект идејата и фотографиите се на бугарскиот уметник и сликар Иво Хаџимишев кој во своето излагање истакна дека проектот е насочен од Бугарија кон светот, со желба да се сподели богатото културно наследство кое го има Балканот.
"Јас не сум авторот на оваа изложба, ова е заеднички проект. Јас ја креирав идејата, оваа "луда идеја" , да се обидам да го спојам Балканот" , рече Хаџимишев.
На отворањето на вечерашната изложба присуствуваа претставници на дипломатскиот кор во земјата, академици, уметници, како и бројни љубители на фотографијата и уметноста.