Dzihat Aliju
03 Март 2016•Ажурирај: 05 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во галеријата на Чифте Амам во Старата скопска чаршија, вечерва е отворена изложбата „Османлиските Културни Белези во Македонија“, во организација на Турскиот културен центар „Јунус Емре“ - Скопје, јавува Аnadolu Аgency (AA).
На отворањето на изложбата присуствуваше амбасадорот на Република Турција во Македонија, Омур Шолендил, државниот секретар за култура, Бехиџудин Шехаби, министерот без ресор Фуркан Чако, претставници на невладини организации, претставници на други турски институции и компании во Македонија, академски граѓани и љубители на уметноста.
Амбасадорот Шолендил им се забглагодари на сите оние кои придонесоа за организирање на изложбата со која се одразува заедничкатата култура и историја.
Директорот на Институтот „Јунус Емре“ - Скопје, доц. Д-р Мехмет Самсакчи го изрази своето задоволство поради отворањето на оваа изложба во која има инвентар од разни музеи од градовите низ Македонија, изложба за која љубителите на уметноста ќе бидат заинтересирани.
Самсакчи истакна дека Османлиската цивилизација „не е деструктивна цивилизација, туку таа гради и обновува“ и посочи дека Османлиската цивилизација без никаква сила има додадено естетика во овој регион, а изложбата, рече, е мал одраз на таа естетика.
Директорката на Националниот Музеј Куманово, Анита Цветановска, рече дека тие имаат многу добра соработка во текот на овие две години со Институтот „Јунус Емре“ и му се заблогодари на Институтот за добрата соработка.
Таа, истакнувајќи дека ќе понудат богата колекција од етнолошкото депо на музејот, рече: „Се обидовме да ја претставиме ориенталната соба, направивме обид, да ја претставиме и собата каде што се пиело чај, потоа занаетите, како што е казанџиството“.
Првото и второто издание на изложбата кои беа одржани во 2014 и 2015 година, третото и финалното издание ќе бидат отворени за сите заинтересирани и за љубителите на уметноста до 13-ти март во Чифте амам, во Старата скопска чаршија.