Aida Cako
15 Ноември 2025•Ажурирај: 16 Ноември 2025
ЛОНДОН (АА) – Во Лондон посетителите имаа можност да ја разгледаат изложбата „Мотиви на верата: Живи традиции во исламската уметност“, која ги обединува мајсторите на исламската уметност од различни региони, jавува Анадолу.
Настанот е организиран од фондацијата „Тиркизна планина“, основана во 2006 година од британскиот крал Чарлс Трети.
Изложбата е поставена во прочуената аукциска куќа „Сотбис“ и претставува уникатна можност публиката да се запознае со богатото наследство, симболиката и техниките што се пренесуваат со векови во исламската уметност.
Со дела, како што се држачи за Куран (рахле), плочи, стаклени ламби, резбани дрвени врати и украсни лакови, изложбата за посетителите претставува модерен пристап кон духот на архитектурата и занаетчиството.
Секое дело го отсликува спојот меѓу верата, културниот идентитет и естетиката што ја карактеризира исламската уметност.
Фондацијата „Тиркизна планина“, основана од кралот Чарлс трети во 2006 година, има цел да ги оживее традиционалните занаети, да ги поддржи локалните економии и да го зачува културното наследство во областите на конфликт и криза.
Фондацијата моментно е географски широко распространета, од Авганистан до Мјанмар, од Блискиот Исток до Северна Африка.
Оваа нова изложба во Лондон има цел да го собере наследството на занаетите произведени во различни региони на исламскиот свет под еден покрив, носејќи ја уметноста на исламската вера до посетителите.
Фондацијата „Тиркизна планина“ е предводена од Шошана Стјуарт, а директорката на изложбата Талија Кенеди го води проектот и во зачувувањето на културното наследство и во интегрирањето на занаетчиството со современата уметност.
Секое дело го отсликува спојот меѓу верата, културниот идентитет и естетиката што ја карактеризира исламската уметност.