Selçuk Acar
16 Ноември 2016•Ажурирај: 17 Ноември 2016
ЊУЈОРК (АА) - На отворената аукција на аукциската куќа „Кристи“ во Њујорк, сликата на Вилем де Кунинг, „Ненасловена XXV“ (Untitled XXV) беше продадена за 66,3 милиони долари, што е рекорд на вечерта, јавува Anadolu Agency (AA).
Аукциската куќа „Кристи“ минатата ноќ организираше продажна вечер насловена како „Повоена и современа уметност“.
Сликата на Де Кунинг е создадена во 1977 година, а почетната цена изнесуваше 40 милиони долари.
На аукцијата беше продаден 61 предмет, од вкупно 68.
За 22 милиони долари е продадена една од трите слики на Герхард Рихтер, а нејзиниот поранешен сопственик е познатиот гитарист Ерик Клептон. Сликата „Абстрактес билд 809-2“ е создадена во 1994 година, а Клептон ја купи за 3,4 милиони долари.