Dzihat Aliju
16 Ноември 2016•Ажурирај: 17 Ноември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје се одржа отворањето на Калиграфска изложба „Градовите се среќаваат во Скопје“ , јавува Anadolu Agency (AA).
Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) и Турскиот културен центар институтот Јунус Емре Скопје ja отворија калиграфската изложба „Градовите се среќаваат во Скопје“, во уметничката галерија Чифте хамам во Скопје.
На отворањето на изложбата присуствуваа претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Македонија - МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, заменик претседателот на Турскиот културен центар институтот Јунус Емре Фуат Коркмаз, претставници на турските институции и организации во земјата како и многу љубители на уметноста.
Во изјавата за новинарите заменик претседателот на Турскиот културен центар - институтот Јунус Емре Фуат Коркмаз рече дека изложбата е реалзирана со иницијативата на младиот калиграфист Махмут Енес Кемер и со иницијатвата на младите калиграфисти.
Коркмаз истакна дека како институција во различни држави ја презентирале калиграфијата, како турско-исламската традиција.
„За нас претставува задоволство реализирањето на ваква изложба од страна на студентите како резултат на курсот кадешто учествува ученици од различни култури како што се Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Македонци. Како што е познато Институтот Јунус Емре има за цел пренесување и проширување на уметноста, книжевноста, културата и јазикот во различни региони.“
И претседателот на МАТУСИТЕБ го изрази задоволството поради учеството во изложбата на малдиот уметник на калиграфијата кој во Македонија дошол како студент, но којшто за себе зборува преку уметноста и моливот.
Емин изложбата ја оцени како „најубавата форма кадешто се опишуват различни градови на исламската цивилизација преку моливот“.
„Изложбата може да се опише како средба на градовите од истата цивилизација во Скопје. Ние како МАТУСИТЕБ, ќе извршуваме активности и ќе правиме различни напори изложувајќи ги вредностите и симболите на нашата цивилизација”.
Од друга страна младиот калиграфист Махмут Енес Кемер рече дека прв пат во Македонија дошол во 2011 година и дека уметноста со која што долго време се занимава има за цел да им го презентира на луѓето тука.
Истакнувајќи дека успеал да ги постигне своите цели во текот на образованието Кемер рече: „Со поддршката на институции имавме можност да реализираме ваква изложба. Се обидовме ументноста на клиграфијата како уметност на туски ракотворби да ги презентирама тука пред овие луѓе. Во овој контекст на курсевите коишто ги организиравме дојдоа пријатели од различни народи“, истакна Енес Кемер.
Меѓу другото рече дека самиот тој е од Истанбул и дека на курсевите учествувале ученици од Косово, Црна Гора, Албанија и од различни земји.
„Во оваа насока ние сакавме да ги собереме на едно место градовите коишто биле дел од нашата историја, коишто имаат отомански траги и со коишто имаме историски врски", додаде Енес Кемер.
За сите љубители на уметноста изложбата ќе биде отворена од 16 до 22 ноември.