култура и уметност

Редок дијамант во боја изложен во Абу Даби

- Редок дијамант во боја од 10,03 карати под името „Медитеранско сино“ е изложен во рамки на првата јавна изложба на аукциската куќа „Сотбис“ во Абу Даби од 2009 година наваму

Ekip  | 08.04.2025 - Обновена : 12.04.2025
Редок дијамант во боја изложен во Абу Даби

АБУ ДАБИ (AA) - Редок дијамант во боја од 10,03 карати под името „Медитеранско сино“ е изложен во рамки на првата јавна изложба на аукциската куќа „Сотбис“ во Абу Даби од 2009 година наваму, јавува Анадолу.

Изложбата, поставена во Фондацијата за уметност „Басам Фреиха“ во културната област Саадијат, го става дијамантот во центарот на вниманието, во поставка предводена од експертот за накит Коге Брунинг.

Овој редок дијамант, проценет на околу 20 милиони долари, ќе биде понуден на аукцијата за скапоцен накит на „Сотбис“, што ќе се одржи на 13 мај во Женева.

Изложбата содржи и вредни колекционерски предмети, вклучувајќи го најголемиот беспрекорен дијамант во светот и вториот по големина црвен дијамант.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.