Ekipa
02 Јануари 2017•Ажурирај: 03 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Гласањето за избор за "Фотографија на годината" на Anadolu Agency (АА) е завршено, а избрани се најдобрите фотографии во категориите вести, спорт и живот.
Гласаа вкупно 165.560 луѓе кои ја бираа најдобрата од понудените 45 фотографии.
Во категоријата "Вести" победи фотографијата "Заедно против државниот удар во Турција" од Елиф Озтурк. Станува збор за фотографија која е снимена во Истанбул, а на неа се прикажани илјадници луѓе кои на 15. јули се движат на Мостот на загинатите херои, порано познат како Босфорскиот мост.
Фотографијата "Повикот на девојчето Гозјаши за помош на нејзиниот татко", направена од страна на Џем Генчо е избрана за најдобра во категоријата "Живот". На фотографијата е прикажана среќата на петгодишното девојче откако на нејзиниот татко Maмун Калид Насир (27) му е укажана помош. Тој во напад со барелна бомба во сирискиот град Идлиб ги загуби двете нозе, прстите на десната рака, видот и слухот.
Булент Дорук ја направи фотографијата "Шенол Ѓунеш", која е победник во категоријата "Спорт". На фотографијата е прикажана радоста на тренерот на фудбалскиот клуб Бешикташ, Шенол Ѓунеш, по натпреварот на неговиот тим против Oсманлиспор. Тогаш Бешикташ ја освои титулата пред крајот на сезоната.