Fatih Erel
27 Септември 2016•Ажурирај: 28 Септември 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Пред платото на Канцеларијата на Обединетите нации во Женева беше отворена изложба на фотографии на Anadolu Agency (АА), во врска со обидот за државен удар од 15. јули од страна на терористичката ФЕТО. Изложбата е отворена на платото каде што се наоѓа споменикот – Столче со скршена нога, коешто ја симболизира борбата против оруженото насилство врз цивилите, јавува Anadolu Agency (AA).
На оваа изложба, која ќе трае до 29 септември, ќе бидат изложени 30 избрани фотографии на агенцијата кои го одбележуваат обидот за државен удар.
На церемонијата на отворањето на изложбата присуствуваа постојаниот претставник на Турција во Канцеларијата на ОН во Женева Мехмет Ферден Чаркиџи, постојаниот претставник на Светската трговска организација Мехмет Халук Илиџак, вршител на должност при Турската амбасада во Берн Волкан Караѓоз, генералниот конзул на Турција во Женева Хусеин Барбарос Диџле и членот на Управниот одбор на Светскиот турски деловен совет и претседателот на Европскиот регионалниот комитет Суат Сахин.
Пред отворањето на изложбата претседателот на организацијата за Меѓународна соработка за човекови права и развој (International Alliance for Human Rights and Development) Ендер Демирташ организираше конференција насловена „Турската демократија е посилна од ударот.“
Споменикот – столче со скршена нога, коешто ја симболизира борбата против оруженото насилство врз цивилите има посебна важност во време кога се одржува состанок на Советот за човекови права на ОН каде што се разговара за ситуацијата на човековите права во светот.