Hakan Firik
29 Април 2018•Ажурирај: 30 Април 2018
БАЛИКЕСИР (AA) - ХАКАН ФИРИК - Жените од селата на падините на турската планина Каздаглари од семките на овошјето и билките прават уникатен накит кој привлекува поголемо внимание кај Турците и туристите, јавува Anadolu Agency (AA).
Семките од маслинки, праски, сливи и бадеми поминуваат низ процес на едногодишно сушење, а вештите раце на селските жени во Едремит лековитите билки и семките се трансформираат во нараквици, ланчиња и друг вид украсен накит.

По цена од пет до 20 лири (1,25 - 5 долари) уникатниот накит се продава во Етнографската галерија во центарот на Едремит.
Директорот на галеријата, Мустафа Селим Kудар, за АА рече дека планината Казадаглари е богата ризница на лековити растенија и дека органскиот накит е само еден од начините на кои локалното население ги користи овие ресурси.

„Мојата сопруга и јас работиме на дизајнирање креации и накит кои од семиња и билки ги прават жените во селата. Ние црпиме инспирација од традиционалните турски носии, и сите во производствениот синџир се задоволни од заработката“, рече Кудар.
Тој додаде дека носењето накит од семки е во согласност со древната турска традиција која наложува задолжително украсување на девојките со семиња кои се симбол на плодност, здравје и богатство.