Safvan Allahverdi
21 Септември 2020•Ажурирај: 22 Септември 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Синоќа во Соединетите Американски Држави (САД) беа доделени наградите „Еми 2020“, што се опишуваат како „телевизиски оскари“, пишува Агенција Анадолија (АА).
72. церемонија на доделувањето на наградите „Еми“ поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се одржа без присуство на актерите кандидати и публика во театарот „Стејплс центар“ во Лос Анџелес по пат на видеоконференција.
На церемонијата во категоријата „Најдобра драмска серија“ наградата ја доби „Наследници“ („Succession“), а Џереми Стронг, кој игра во оваа серија, ја доби наградата „Најдобар актер“ во категоријата драма.
Во категоријата „Најдобра комедија“ наградата ја освои серијата „Шитс крик“ („Schitt's Creek“), која освои вкупно 7 награди во различни категории. Серијата „Чувари“ („Watchmen“) е добитник на наградата „Најдобра минисерија“.
Дел од доделените „Еми“ награди за 2020:
- Најдобра драма: „Наследници“ („Succession“)
- Најдобра комедија: „Шитс крик“ („Schitt's Creek“)
- Најдобар актер, (драма): Џереми Стронг, „Наследници“ („Succession“)
- Најдобра актерка, (драма): Зендеја, „Еуфорија“ („Euphoria“)
- Најдобар актер, (комедија): Јуџин Леви, „Шитс крик“ („Schitt's Creek“)
- Најдобра актерка, (комедија): Кетрин О'Хара, „Шитс крик“ („Schitt's Creek“)
- Најдобра машка споредна улога, (драма): Били Крудап, „Утринско шоу“ („The Morning Show“)
- Најдобра женска споредна улога, (драма): Џулија Гарнер, „Озарк“ („Ozark“)
- Најдобра минисерија: „Чувари“ („Watchmen“)