Ekipa
19 Декември 2021•Ажурирај: 20 Декември 2021
КРАКОВ (АА) – Во полскиот град Краков се отвори светлосната изложба Снежана и седумте џуџиња, јавува Агенција Анадолија (АА).
Светлосната изложба е патување низ метафоричниот, мултимедијален свет на Снежана. Посетителите, од кои пообено децата, имаат можност да уживаат во визуелизацијата на оваа приказна.
Бидејќи Полска се бори со четвртиот бран на епидемијата на коронавирусот, изложбата, која е поставена на отворено, работи со почитување на новововедените рестриктивни мерки.
Изложбата поставена на површина од 10 хектари ќе трае до крајот на февруари.