Ekipa
22 Март 2017•Ажурирај: 23 Март 2017
МОСКВА (АА) - Украинската безбедносна служба соопшти дека ја има подготвено потребната документација за забрана на учество на руската претставничка Јулија Самојлова на овогодишниот натпревар за песна на Евровизија, но дека конечната одлука сѐ уште не е донесена, пренесува Anadolu Agency (AA).
На најголемиот музички натпревар што од 11 до 13 мај се одржува во Киев, Русија треба да биде претставувана од Самојлова, која гостуваше во анектираниот Крим, а претходно де-факто не ја помина границата со Украина.
Украинските власти според законот можат да го спречат нејзиниот влез во земјата.
Олександр Ткачук, официјално лице за безбедност на Украина изјави дека властите подготвиле документи за привремена забрана за влез на руската уметница, наведувајќи дека конечната одлука ќе ја донесат во брзо време.
Доколку украинските власти ѝ дозволат на Самојлова да учествува на Евровизија, тоа веројатно би ги разбеснило украинските националисти. Меѓутоа, забраната за учество би ги влошила и онака затегнатите односи меѓу двете земји, кои се нарушени по руската анексија на Крим, во март 2014 година.