Halil İbrahim Başer,Enes Kanlı
03 Јули 2016•Ажурирај: 04 Јули 2016
АШДОД (АА) – Бродот со хуманитарна помош за Газа, "Lady Leyla" , по речиси 35-часовно патување пристигна во израелското пристаниште Ашдод, јавува Anadolu Agency (AA).
Бродот ‘Lady Leyla’, кој носи хуманитарна помош за потребите на населението во Газа, отплови од меѓународното пристаниште во Мерсин (Турција) во петокот под слоганот „Бродот на добрината на пат кон Газа”, како резултат на склученото примирје меѓу Турција и Израел, и истиот веќе пристигна во пристаништето во Ашдод.
Бродот беше пречекан од страна на заменикот-амбасадор од Амбасадата на Турција во Тел Авив, Џем Уткан, потсекретарот на Амбасадата, Јавуз Кајмак, заменикот-портпарол на израелското министерство за надворешни работи, Орен Розенблат, како и од други официјални лица.
Бродот превезе околу 11 тони хуманитарна помош која беше обезбедена од Управата за елементарни непогоди и управување со вонредни состојби на Турција (АФАД) и Турската Црвена полумесечина, во вкупна вредност од 25 милиони турски лири, се состои од 13. 775 пакети со храна, 5.000 тони брашно, 3.000 тони шеќер, 2.000 тони ориз, 500 тони сончогледово масло, 100.000 парчиња облека, 20.000 пара чевли, 10.104 играчки и 1.500 пакети бебешки пелени.
Помошта, по истоварот, под координација на Турската Црвена полумесечина ќе биде пренесена и распределена до целните групи во Газа.