Ekipa
03 Јули 2016•Ажурирај: 04 Јули 2016
ДАКА (АА) - Терористичката организација ДАЕШ „без милост” мора да биде уништена, така што идните генерации нема да имаат таква омраза, рече италијанскиот премиер Матео Ренци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ренци говореше на телевискиот канал TG25 за нападот врз ресторанот во престолнината на Бангладеш, Дака, во петокот вечерта, во којшто загинаа 22 лица, меѓу кои девет Италијанци.
Шефот на италијанската влада истакна дека ДАЕШ ги губи своите позиции во Сирија, Ирак и Либија, заговарајќи „железна тупаница” против оние кои ја користат „стратегијата заснована на омраза и терор”.
„Ние мораме да ги уништиме без милост, со што ќе се избегне идните генерации да бидат вакви”, рече Ренци.
ДАЕШ во саботата објави фотографии од петте наводни напаѓачи на ресторанот во Дака. "SITE Intelligence Group" истакна дека сликите циркулирале на онлајн мрежите во саботата. Напаѓачите се идентификувани како Бангладешанци, врз основа на нивните воени имиња. Милитантите на сликите се смеат, а во позадина е црното знаме на ДАЕШ.
SITE наведе дека „Амак”, новинската агенција блиска на ДАЕШ, објавила нов извештај за нападите. Според наводите на „Амак” нивните борци користеле „ножеви, сатари, автоматски јуришни пушки и рачни бомби”, а дека муслиманите ги пуштиле неповредени.
Во нападот на ресторанот во петокот вечерта и во саботата наутро загинаа 20 цивили, сите од нив беа странци. Загинаа и двајца полицајци, додека во текот на акцијата за спасување на заложниците убиени се шест терористи. Полицијата успеа да спаси 13 заложници.