Eshat Fırat
01 Февруари 2017•Ажурирај: 02 Февруари 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) – Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Израел соопшти дека Евреите кои се родени во овие 7 држави, на чии жители претседателот на САД, Доналд Трамп, им забрани влез во САД, нема да бидат опфатени со визната забрана, јавува Anadolu Agency (AA).
„Патниците кои имаат израелски пасош и валидна виза, иако се родени во овие 7 држави или се државјани од тие држави, нема да бидат подложени на оваа забрана“, се вели во соопштението на интернет-страницата на амбасадата на САД во Тел Авив.
Во соопштението се истакнува дека ќе продолжи издавањето визи за Евреите кои се државјани на седумте држави на чиишто жители им се забранува влез во САД.
Според соопштеното, во рамките на претседателскиот декрет насловен како „Заштита на САД од влезот на странските терористи во земјата“, потпишан од страна на Доналд Трамп на 27 јануари, лицата кои доаѓаат од државите кои се сметаат дека се поврзани со тероризам нема да бидат прифатени во САД во период од 90 дена, а во тој период ќе се преземат и дополнителни мерки.
Со потпишувањето на декретот во петокот, претседателот на САД, Трамп, го запре доаѓањето на сириските бегалци во САД, и им забрани влез во државата на државјаните на Ирак, Иран, Сирија, Судан, Либија, Сомалија и на Јемен.