Zülfiya Yakup
27 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
ПРИШТИНА (АА) - Во раните утрински часови започна заедничка акција на полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, потврди за Anadolu Agency (AA) портпаролката на ЕУЛЕКС, Драгана Николиќ - Соломон.
Бидејќи акцијата е сè уште во тек, портпаролката не можеше да соопшти детали во врска со акцијата.
Косовските медиуми пренесуваат дека еден од бараните во оваа акција е пратеникот на Демократската партија на Косово, Азем Сила, по кој е издадена наредба да се приведе на разговор. Како што наведува Koha.net утринава од шест часот, над два часа, е вршен претрес на една станбена зграда во населбата „Гратчето Пејтон” во Приштина и притоа е приведен поранешниот возач на Сила.
Приштинскиот сајт insajderi.com пишува дека денешната голема акција е во врска со сомнение за организиран криминал во кој се вмешани судии, општински функционери и функционери на Косовската агенција за приватизација.