Sefa Şahin
15 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
АНКАРА (AA) - Премиерот на Турција Бинали Јилдирим во текот на еднодневната работна посета на Берлин изјави дека очекува поголема поддршка на пријателите во борбата против терористите, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашиот сензибилитет за прашањето на односите на Турција и Германија е многу јасен. ПКК е терористичка организација, како и ПЈД/ЈПГ. Поточно, ЈПГ е огранок на ПЈД/ПКК во Сирија. Истото го смета и Велика Британија, како и американската разузнавачка служба. Затоа, како и да се викаат, целта на овие терористички организации е да го загрозат мирот во регионот и да предизвикаат нови проблеми. Очекуваме поголема поддршка на нашите пријатели во борбата против терористите", рече Јилдирим.
Премиерот Јилдирим изјави дека Турција со бегалците од Сирија, како што рече, длабоко се сочувствува и го дели лебот.
„Проблемот на бегалците не е само наш проблем, ниту е проблем кој го произведуваме ние. Не сме ние тие кои ги започнаа овие проблеми. Ние само ги сносиме последиците. Ние не ја почнавме војната во Сирија. Исто така, не го започнавме ниту мигрантскиот бран од таа земја. Но, прифативме 3,5 милиони луѓе кои бараа спас. Со нив делиме леб. Целиот свет знае што правиме, и затоа нашиот образ е чист", рече Јилдирим.