Ekipa
21 Ноември 2016•Ажурирај: 21 Ноември 2016
КАБУЛ (АА) - Најмалку 27 цивили загинаа во експлозија на бомба во самоубиствен напад во шиитска џамија во главниот град на Авганистан - Кабул, соопштија авганистанските безбедносни сили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Фаредун Обиад, началник на криминалистичката полиција во Кабул, изјави дека во нападот се повредени уште најмалку 35 лица.
Министерството за внатрешни работи на Авганистан потврди дека самоубиствениот напад се случил во џамијата Бакир-ул Улум, во западниот дел на Кабул.
Обиад додаде дека додека верниците се молеле, напаѓачот ја активирал бомбата што ја имал на себе.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.