Ivana Ramadanova
10 Јули 2017•Ажурирај: 10 Јули 2017
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека на повеќе локации во Македонија, полицијата спроведува обемна акција за откривање и сузбивање на криминални групи и илегални мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Според МВР, акцијата се спроведува во соработка со Одделението за организиран криминал на Јавното обвинителство во рамки на спречувањето на шверц на мигранти, на територијата на Република Македонија.
МВР најави дека по завршувањето на оперативните активности, детално ќе ја информира јавноста за резултатите oд акцијата.