Ekipa
20 Ноември 2017•Ажурирај: 21 Ноември 2017
АНКАРА (АA) - Пратеникот Исмаил Кахраман, од владејачката Партија на правдата и развојот (AK Parti), денес беше реизбран за претседател на турскиот Парламент, односно Големото народно собрание на Република Турција, јавува Anadolu Agency (АА).
Парламентарецот од Истанбул, Кахраман, во третиот круг од гласањето доби 289 гласа од вкупно 509 пратеници кои гласаа, и беше реизбран за шеф на најважното законодавно тело на Турција.
Кандидатот на опозициската Републиканска народна партија (ЏХП), Зекерија Темизел, освои 124 гласа.
Кандидатот на Народната демократска партија (ХДП), Селма Ирмак освои 37, а еден глас помалку доби кандидатот на на Партијата на национално движење (МХП), Џелал Адан.
Кандидатот на неодамна формираната партија IYI (Добра партија), Јусуф Халачоглу, доби седум гласа, а вкупно 16 гласа се оценети за неважечки.